Италијаните бараат да им се врати Мона Лиза

Од:

Италијански активисти собраа над 15.000 потписи за петиција со која бараат „Мона Лиза“ од Леонардо да Винчи да биде вратена од парискиот „Лувр“ во Фиренца.

Организацијата „Национaлен комитет за историско, културно и еколошко наследство“ која организираше собирање потписи, во соопштението наведува дека најпознатата слика на светот треба да биде вратена во музејот „Уфизи“ каде што беше изложена во почетокот на 20-от  век.

Претседателот на организацијата Силвано Винсенти рече дека поднел официјално барање до францускиот министер за култура Орели Флипети. Според неговите зборови, враќањето на сликата би било од „„голема историска вредност, симболична и морална“.

Меѓутоа музејот „Лувр“ го одби барањето. Аналитичарите наведуваат дека тврдењата на Фиренца за ремек делото на ренесансата можеби не се потполно искрени.

Се смета дека Да Винчи почнал со работа на портретот на Лиза дел Џокондо, сопруга на богатиот трговец со млеко од Тоскана во Фиренца 1503. година. Меѓутоа историчарите мислат дека тој ја понел сликата со себе во 1516. година кога се преселил во Франција

Сликата потоа стана сопственост на франсуското кралско семејство и после револуцијата е пренесена во „Лувр“. Украдена е од парискиот музеј во 1911. година, а две години подоцна пронајдена е во куќата на италијанскиот патриот и некогашен работник во „Лувр“, Винченто Перуџа.

На кус  период после тоа е изложена во „Уфузија“ а потоа во Рим, по што истата година е вратена во Париз.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он