history.com
Како се започна
Многу време пред појавата на христијанството, дрвјата и растенијата кои останувале зелени преку целата година имале посебно значење за луѓето во зима. Исто како што луѓето денес ги китат своите домови за време на празниците со бор, и елка, и луѓето во антиката закачувале гранчиња над вратите и прозорците. Во многу земји се верува дека зимзелените дрва ќе ве чуваат од вештерки, духови, лоши влијанија и болести.
На северната хемисфера, најкраткиот ден и надолгата ноќ во годината паѓа на 21 или 22 декември, и тоа се нарекува зимска рамнодневица. Многу стари луѓе верувале дека сонцето е бог и дека зимата доаѓа секоја година затоа што бог се разболувал или омалаксувал. Тие ја славеле рамнодневицата затоа што тоа значело дека конечно бог ќе почне да се опоравува. Зимзелените гранчиња ги потсетувале луѓето на сите зелени растенија кои повторно ќе израснат кога богот сонце ќе закрепне и ќе се врати летото.
Старите Египќани го славеле богот наречен Ра, кој имал глава на сокол и на главата носел круна со сонце. На зимската рамнодневица, кога Ра ќе почнел да заздравува од болест, Египќаните ги полнеле своите домови со зелени палмини гранки, што за нив симболизирало триумф на животот над смртта.
Првите Римјани ја одбележувале рамнодневицата со прослава наречена Сатурналиа во чест на Сатурн, богот на земјоделието. Римјаните знаеле дека рамнодневицата значи дека фармите и полињата наскоро пак ќе бидат зелени и плодни. За одбележување на настанот, тие ги украсувале своите домови и храмови со зимзелени гранки. Во северна Европа, мистериозните друиди, свештенците кај прастарите келти, исто така ги украсувале своите храмови со зимзелени растенија како симбол на вечниот живот. Страшните викинзи во Скандинавија мислеле дека зимзелените растенија се посебни растенија на богот на сонцето, Балдер.
Се верува дека во Германија започнала првата традиција на новогодишни дрвца, онакви какви што денес ги познаваме, уште во 16-иот век кога посветените христијани внесувале декоративи дрва во нивните домови. Некои правеле Божикни пирамиди од дрва и ги украсувале со зимзелени растенија и свеќи, ако им недостасувале дрвјата. Длабоко се верува дека Мартин Лутер, протестантскиот реформатор од 16-иот век, прв ставил запалени свеќи на дрво. Одејќи кон дома една зимска вечер, по одржана литургија, тој бил обземен од сјајот на ѕвездите кои трепкале во зимзелената околина. За да им го опише искуството на своето семејство, внел дрво во дневната соба и на гранките ставил запалени свеќи.
Повеќето Американци во 19-иот век го сметале Божикното дрво за необично. Првата забележена ситуација кога вакво дрво било јавно изложено било во 1830 година од германските доселеници во Пенсилванија, иако дрвата уште многу пред тоа биле дел од традицијата на домовите на Германците. Германските доселеници во Пенсилванија имале дрва во општините уште во 1747 година. Но се до крајот на 1840-ите, Божикните дрва биле сметани за пагански симболи и не биле прифатени од повеќето Американци.
Не изненадува што како и другите обичаи при прославата на Божик, дрвото било толку доцна прифатено во Америка. За пуританците од Нова Англија, Божик бил свет ден. Вториот гувернер на аџиите, Вилијам Брадфорд, напишал дека силно се обидувал да го сопре „навредливото паганство“ на почитување со казнување на слободната воља. Влијателниот Оливер Кромвел проповедал против „народните традиции“ за пеење на божиќни песни, накитување дрва, и на радосните избливи кои го скрнавеле „тој свет момент“. Во 1659 година, Врховниот суд на Масачусетс донел закон со кој се забранува секакво славење на 25 декември (освен она во црквите) како казнив престап; луѓето биле казнувани заради китење со украси. Таквата тврда линија продолжила и во текот на 19-иот век, кога влијанието од германските и ирските емигранти ја победиле пуританската оставштина.
Во 1846, популарните кралица Викторија и нејзиниот маж, германскиот принц Алберт, биле нацртани во Илустрејтед Лондон њуз како стојат со децата покрај Божикно дрво.
За разлика од претходните кралски семејства, Викторија била многу популарна кај незините поданици, и сето она што се случувало на дворот веднаш станувало модерно – не само во Британија, туку и во американското општество на Источниот брег, кое било силно заинтересирано за модерноста. Божикното дрво пристигнало.
Во 1890-ите, Божикните украси стигнале од Германија и популарноста на Божикното дрво насекаде низ САД растела. Забележано е дека Европејците користеле помали дрва, високи до метар и половина, додека Американците сакале Божикни дрва кои почнувале од подот и се извишувале се до плафонот.
Во првите години на 20-иот век, Американците ги украсувале дрвата воглавно со домашно направени украси, додека геранско-американските верски групи продолжиле да користат јаболки, ореви и колачиња од марципан. Подоцна се ставале и пуканки обоени во силни бои и измешани со шумски плодови и ореви. Струјата ги довела божикните светилки, и овозможила Божикните дрва да светат со денови. Со електрификацијата, Божикните дрва почнале да се појавуваат на секој плошптад низ градовите во Америка, а да се има Божикно дрво дома за Божик станало американска традиција.
Божикното дрво пред Рокфелер центарот
Дрвото пред Рокфелер центарот се наоѓа западно од Петата авенија, од 74-та до 51-та улица, во градот Њујорк.
Традицијата за поставување на Божикното дрво пред Рокфелер центарот датира од времето на Големата депресија. Највисокото дрво кое било поставено пред Рокфелер центарот било во 1948 година, и тоа било Норвешка смрека висока 30 метри, и донесена од Килингворт, во Конетикат.
Првото дрво пред Рокфелер центарот било поставено во 1931 година. Тоа било мало не баш угледно дрво поставено од градежните работници во центарот на градбата. Две години подоцна, таму било поставено друго дрво, сега со светилки. Денес пред Рокфелер центарот има дрво накитено со повеќе од 25.000 светилки.
Божикните дрвца низ светот
Канада
Германските доселеници мигрираа од САД во Канада во 1700-ите. Тие со себе донесоа многу нешта поврзани со Божик кои ние денес ги практикуваме – адвентистички календари, куќички од ѓумбирово тесто, колачиња – и Божикни дрва. Кога мажот на кралицата Викторија, Германецот принцот Алберт, поставил Божикно дрво во дворецот Виндзор во 1848 година, тоа веднаш станало традиција низ Англија, САД и Канада.
Мексико
Во повеќето мексикански домови, главната празнична декорација е Ел Нашименто (сцена од раѓањето на Исус). Сепак и украсени Божикни дрва можат да бидат ставени во оваа декорација или да бидат поставени некаде низ домот.
Бидејќи купувањето на природна елка претставува луксуз за повеќето мексикански семејства, се користи вештачко мало дрво „арболито“, или пак се поставуваат голи гранчиња од дрвото копал (Bursera microphylla) или пак некои други гранки собрани во природата.
Британија
Норвешката смрека е традиционален вид кој се користи за декорирање на домовите во Британија. Норвешката смрека била природен вид дрво на британските острови уште од пред последното Ледено доба, а потоа повторно била засадена во 16-иот век.
Гренланд
Таму Божикните дрва се увезуваат, затоа што ниту едно дрво не живее толку северно. Се украсуваат со свеќи и светкави украси.
Гватемала
Божикното дрво се вметнува во декорацијата „Нашименто“ за Раѓањето на Исус како популарна декорација, заради големата германска популација во Гватемала. Подароците за децата се ставаат под дрвото утрината на Божик. Родителите и постарите разменуваат подароци се до Нова година.
Бразил
Иако Божик во Бразил паѓа на лето, понекогаш борови се украсуваат со памук што треба да претставува снег.
Ирска
Божикните дрва се купуваат во текот на декември и се украсуваат со светла во боја, евтини метални украси и дребулии. Некои луѓе ставаат ангел на врвот, други пак ѕвезда. Куќите се декорираат со венци, свеќи и бршлен. На вратите се закачуваат венци и имела.
Шведска
Повеќето Швеѓани купуваат Божикни дрва многу пред празничната вечер, но тие вообичаено не се поставуваат дома и не се украсуваат се до неколку дена пред Божик. Зимзелените дрва се украсуваат со ѕвезди, сонциња и со снегулки направени од стиропор. Помеѓу украсите има дрвени животни во боја и лампиони од стиропор.
Норвешка
Денес Норвежаните често одат во шумите за да си одберат Божикно дрво, традиција која нивните дедовци можеби и не ја практикувале. Божикното дрво не дошло во Норвешка од Германија се до крајот на 19-иот век, а во поодалечените области дури и подоцна. Кога ќе дојде Божикната вечер, дрвото се украсува, вообичаено тоа го прават родителите скришно зад затворена врата додека децата возбудено чекаат надвор. Потоа следува норвешкиот ритуал познат како „кружење околу Божикното дрво“, кога сите се фаќаат за раце и прават прстен околу дрвото, и се пеат божикни песни. Потоа се делат подароци.
Украина
Се слави 25 декември од католиците, и потоа 7 јануари од православните христијани. Божик е најпопуларниот празник во Украина. За време на Божикните празници, заедно со Новата година, луѓето украсуваат елки и прават забави.
Шпанија
Популарна божикна игра е „каталонија“, игра на удирање на среќа. Дрво се полни со дребулии, а децата удираат по дрвото за да испаднат лешници, бадеми, карамели, и други слатки.
Италија
Во Италија „пресепио“ (јасли или штала) е минијатура од Светото семејство и е центарот за семејствата на Божик. Гостите клекнуваат пред него, а музичарите пеат. Фигурите на пресепио се обично рачно издлабени и со многу детали во содржината и облеката. Сцената е често во форма на триаголник, во форма на пирамида која се нарекува цепо. Дрвената рамка во форма на пирамида е висока до еден метар. На неа има неколку рафтови.
Целосно е декорирана со шарена хартија, шишарки и со малечки обоени знаменца. Од страната има свеќи. На врвот виси ѕвезда или малечка кукла. На полиците има малечки подароци во форма на овошје, слатки и подароци. Цепо е стара традиција на Дрвото на светлото, кое во другите земји станало Божикно дрво. Во некои домови дури има цепо и за секое дете во семејсвото.
Германија
Многу Божикни традиции кои денес се практикуваат низ светот започнале во Германија. Одамна се верува дека Мартин Лутер ја започнал традицијата на поставување елка во домовите. Според една легенда, една доцна вечер Мартин Лутер се враќал дома низ шумата и забележал колку прекрасно ѕвездите светкале низ елките. Сакал да ја сподели оваа убавина со неговата жена па исекол една елка и ја внел дома. На гранките ставил мали свеќи и рекол дека тоа би требало да биде симбол за убавината на небото на Божик. Оттука дошло и Божикното дрво.
Една друга легенда вели дека на почеокот на 16-иот век, луѓето во Германија комбинирале два обичаи кои се практикувале во различни земји во светот. Рајското дрво (елка украсена со јаболки) го претставувало Дрвото на мудроста во Рајската градина. Божикното светло, или мала рамка во форма на пирамида вообичаено украсена со стаклени лампиони, метални украси и со поставена свеќа на врвот, било симбол на раѓањето на Христа како Светло за светот. Со промената на сталените лампиони со метални топчиња и колачиња, и комбинацијата на ова ново дрво со Светлото поставено на врвот, Германците создале дрво кое многумина од нас денес го препознаваат.
Денес, таненбаум (Божикното дрво) вообичаено мајките скришно го украсуваат со светилки и метални украси, и се покажува на Божикната вечер со поставени колачиња, оревчиња и подароци под гранките.
Јужна Африка
Божик е летен празник во Јужна Африка. Иако таму Божикните дрва не се вообичаени, прозороците често се украсуваат со светкава памучна волна и метални украси.
Саудиска Арабија
Христијаните Американци, Европејци, Индијци и Азијати, и други кои живеат таму, приватно си го прославуваат Божик во нивните домови. Во јавност вообичаено не се дозволува поставување на божикни светилки. Повеќето семејстав ги поставуваат Божикните дрва некаде каде тие не се гледаат.
Филипини
Живите елки се прескапи за обичните Филипинци, па затоа често се користат рачно изработени и во разни димензии и бои обоени дрва. Во декември насекаде се поставуваат ѕвезди или натписи. Тие се прават од бамбус, покриен со светкава оризова хартија или целофан, и вообичаено имаат метални украси на секоја страна. Обично има по едно такво на секој прозорец, и секое од нив ја преставува Ѕвездата од Витлеем.
Кина
Од малиот процент Кинези кои го прославуваат Божик, најчесто се поставуваат вештачки дрва украсени со ѕвезди и синџири од хартија, цвеќиња и метални украси. Божикното дрво се нарекува „Дрво на светлото“.
Јапонија
За повеќето Јапонци кои го слават Божик, тоа е чисто секуларен празник посветен на љубвта кон нивните деца. Божиќните дрва се украсуваат со мали кукли, украси од хартија, пропелерчиња од златна хартија, метални украси и ветерни цевчиња. Исто така меѓу гранките се стават мали свеќи.
Еден од напознатите украси е оригами лебедот. Јапонските деца разменуваат илјадници свиткани хартивчиња со „птицата на мирот“ со млади луѓе низ целиот свет, како завет дека војната не смее да се повтори.
Што треба да знаете за Божикното дрво
Божикните дрва комерцијално се продаваат во САД уште од 1850 година.
Во 1979, не беа запалени светилките на Националното Божикно дрво, освен на врвот, во чест на американските заложници во Иран.
Помеѓу 1887 и 1933 година, рибарското бротче наречено Божикен брод тргнувало од мостот кај улицата Кларк и продавало елки од Мичиген до Чикагоанс.
Највисокото живо Божикно дрво било виско 37 метри и старо 91 година. Било од видот Дагласов бор, од градот Вудинвил во Вашингтон.
Традицијата на Божикно дрво во Рокфелер центарот започнала во 1933 година. Фенклин Пирс, 14-иот претседател на САД, ја внел традицијата на Божикното дрво во Белата куќа.
Во 1923 година, претседателот Калвин Кулиџ ја започнал церемонијата за палење на светилките на Божикното дрво на тревникот пред Белата уќа.
Повеќето Божикни дрва се исечени неколку недели пред да се изнесат на пазарот.
Во 1912, првото општинско Божикно дрво во САД било поставено во Њујорк.
На Божикното дрво вообичаено му се потребни 6-8 години да порасне.
Божикни дрва се огледуваат во сите 50 федерални држави, вклучувајќи ги и Хаваите и Аљаска.
Околу 100,000 луѓе се вработени во индустријата за Божикно дрво.
98 проценти од сите Божикни дрва се одгледани на фарми.
Повеќе од 400 хектари се засадени со Божикни дрва.
Секоја година се садат по околу 77 милиони Божикни дрва.
Во просек се садат по 2.000 Божикни дрва по хектар.
Ве советуваме никогаш да не го горите Божикното дрво во камин. Тоа создава големи наслаги од пепел.
Во минатото како Божикни дрва се кристеле и други видови дрва, како што се црешовото дрво или глогот.
Помошникот на Томас Едисон дошол на идеја за поставување на елетрични светилки на Божикни дрва.
Во 1963 година, не биле запалени светилките на Националното Божикно дрво се до 22 декември, заради 30-дневната национална жалост по атентатот врз претседателот Кенеди.
Теди Рузвелт го забранил Божикното дрво во Белата куќа од еколошки причини.
Во првата недела од поставување на Божикното дрво во вашиот дом, тоа ќе испие по 150 мл. вода дневно.
Металните украси едно време биле забранети од владата. Металните украси во тоа време содржеле олово, а сега се прави од пластика.
Во 1984 година, биле запалени светилките на Националното Божиќно дрво на 13 декември при надворешна температура од 21 степен, што е најтоплото време во историјата.
Секоја година се сечат 34 до 36 милиони Божикни дрва, а 95 проценти од нив се дистрибуираат или продаваат директно од фармите за Божикни дрва.
Калифорнија, Орегон, Мичиген, Вашингтон, Висконсин, Пенсилванија и Северна Каролина се најголеми производители на Божикни дрва во САД.
Најпродавани се Шкотскиот бор, Дагласовата елка, елката Фрејзер, елката Балзам, и Белиот бор.