Исповед на една љубовница: Неговата сопруга треба да ми е благодарна!

Од:

Линда Френклин, мајка на два сина, разведена, го запознала Мет кога имала 47, а тој 30 години. Во текот на нивната дванаесет годишна врска, тој во меѓувреме запознал друга девојка, се оженил, но тие и понатаму ја одржувале врската.

Пред точно една година раскинав со Мет. Лежевме во кревет, и јас му соопштив дека е време да престанеме да се гледаме. Тој го испи чајот до крај, се облече, ме бакна и си замина од мојот живот. Повеќе не го видов.

Беше тоа без сомнение една од најнесебичните работи кои сум ги направила во животот. Имено, тој беше во брак и доби син, а јас го ослободив од овој притисок и му овозможив да биде добар сопруг и татко.

Лина вели дека тоа не го направила поради чувството на вина, туку заради неговиот син, а и поради Мет. Почувствувала дека Мет е подготвен во целост да му се посвети на своето семејство. Додава дека не зажалила заради својата одлука.

Таа смета дека сопругата на Мет треба да и се заблагодари што Мет се оженил и се “смирил”, и дека својата среќа сопругата на Мет ја остварила благодарејќи на нејзе.

Се запознаеле во дискотека, таа веќе била разведена. Смета дека, ако жената е постара од мажот, тоа е погодно за нивниот однос, бидејќи кај неа не чука биолошкиот часовник, не е оптеретена со тоа, и затоа односот е опуштен.

Мет никогаш не ги запознал нејзините синови, таа никогаш не прашувала за неговите девојки. Не била љубоморна ниту лута на него. Во еден момент почувствувала дека запознал девојка која е поинаква од неговите поранешни девојки и била изненадена бидејќи сакал да продолжат да се гледаат.

-Всушност, јас на некој начин го искористував Мет. Ми ја подигнуваше самодовербата, ми овозможуваше да избегам од секојдневието и обврските на неколку часа кои заедно ги поминувавме, најчесто во мојот стан.

“Едноставно, го сакам тоа”, гласел неговиот одговор кога го прашала зошто и понатаму сака да се гледаат”. За мене тоа беше знак за неговата незрелост и неспособност озбилно да се врзе.

Фала му на Бога што сум негова љубовница, а не жена”, си помислила Линда.

Секогаш била тука да му помогне околу неговите дилеми, и го бодрела да се снајде во новите улоги, како сопруг и татко. Во еден миг почувствувала дека е подготвен да продолжи без неа.

Би можело да ве интересира

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ