Ирак, првпат по 45 години ќе има своја претставничка на изборот за „Мис Универзум”, што ќе се одржи на 26 ноември во американската сојузна држава Невада.
Правото да го претставува Ирак го доби Сара Ајдан (27). На националниот натпрвар во убавина, таа беше втора, но сепак на крај круната и припадна нејзе, откако победничката Фијан Сулејмани беше дисквалификувана.
Последен пат една Ирачанка учествуваше на изборот за „Мис Универзум” во 1972 година во Порто Рико.