Интересни работи што можеби не сте ги знаеле

Од:

Ви подготвивме една редица прашања и одговори кои се многу присутни во животите на луѓето, кои можеби сте ги знаеле но доколку ве праша некој за нивното значење би останале неми.

Колку помнат златните рипчиња?

Многумина веруваат дека златното рипче не може да се пофали со долгорочна меморија. Нејзиното помнење, наводно, не трае повеќе од три секунди, но доколку секојдневно непосредно пред хранењето се користиме со методот – тропкање по аквариумот – постои голема шанса да запомни дека е време за ручек.

Како пентхаус го добил името?

Кога некој живее во најголемиот стан на последниот кат, претпоставуваме дека постигнал најмногу. Но, тоа што е на врвот, не значи дека не започнал од дното.

Доколку „копаме„ малку подлабоко, ќе дојдеме до сознанието дека пентхаус или станот за елитата на врвот на зградата, доаѓа од зборот пентис што значи нешто што виси на нешто или од нешто. Поедноставно кажано, пентис означува склад со кров на преклоп, што е прицврстен за ѕид или зграда. Не се знае точната дата кога од склад настанал скапоцен стан на врвот на светот.

Зошто токму штркот симболизира раѓање?

Во стар Египет штркот ја претставувал душата, додека Кинезите, според легендите, ги носел во рај, а денес е симбол на благосостојба и среќа и како таква, многу радо ја поврзуваме оваа птица со раѓањето.

Кога жените почнале да ги бричат нозете?

Почетокот на модниот бизнис со маички без ракави во 1915 година ги охрабрил жените да ги избричат влакната под пазувите, а вистинската „војна„ против овие природни греачи започнала подоцна, кога на жената и било дозволено да покаже нешто повеќе од глуждот на ногата.

Полуголите жени од филмските платна и рекламните кампањи во 60-тите години од минатиот век се најзаслужни што повеќе животот не можеме да го замислиме без кремата за депилирање.

Зошто под туш се претвараме во пеачки ѕвезди?

Причината зошто радо ги имитираме оперските диви додека се тушираме не е само во тоа што можеби ја сакаме песната. Имено, во затворен и помал простор, како што е туш кабината, нашиот глас навистина станува поубав.

Покрај фактот дека сте сами и опуштени, според научната теорија, воопшто не сте сами, туку сте опкружени со комплетен оркестар. Имено звучните бранови се рефлектираат од ѕидовите произведувајќи побогат звук, шампонот ви дава повеќе волумен, од сапунот се се пени и концертот може да започне.

Како кипот на Американската филмска академија го добил името Оскар?

За потеклото на името на најмоќниот нежив човек во Холивуд говорат две теории. Според некои наводи, библиотекарката Маргарет Херик, подоцна извршна директорка на Академијата, има за тоа најмногу заслуги. Имено, славната статуетка ја потсетувала на нејзиниот вујко Оскар, иако Академијата не ја поддржува оваа приказна како официјална.

Втората приказна се поврзува со славната Бет Дејвис. Некои велат дека таа и го дала името на статуетката во чест на својот прв сопруг Хармон Оскар Нелсон. Но, ниту оваа приказна не е официјално потврдена од Академијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ