„Иновативно кулинарско искуство 2017“ од 2 до 8 октомври во Скопје

Од:

Светски познати готвачи со мишелин ѕвезди од Перу, Чиле, Германија, Мароко, Турција и Кина ќе подготвуваат специјалитети од шест интернационални кујни со локални намирници во рамки на фестивалот „Иновативно кулинарско искуство 2017“, што ќе се одржи од 2 до 8 октомври во Скопје.

Иницијативата е на шефот Марк де Јонг и има за цел едукација и развој на туризмот во Македонија преку конзумирање на деликатеси од светската кујна подготвени во Македонија.

– Тоа се различни кујни што во Македонија тешко се наоѓаат. Сакам да ги донесам овде за сите шефови од хотелите, рестораните и кујните можат да учат од мастер клас и да можат тоа го споделат каде што работат. Тоа ќе го дигне нивото на кујната во Македонија, изјави Марк.

Посочи дека фестивалот е инклузивен и дека секој ден секој мастер шеф ќе има своја екипа од млади готвачи и луѓето со посебни потреби.

– На 16 септември ќе има и натпревар со млади готвачи, каде ќе бидат селектирани млади готвачи кои ќе бидат дел од фестивалот. Ќе имаме мастер шефови, шефови и млади готвачи, за кои ќе биде големо искуство, изјави Марк де Јонг.

Според Илија Вучков од ИЦТ едукативниот центар, главен фокус на фестивалот е едукација на готвачкиот кадар во Македонија.

– Носиме исклучиво квалитетни готвачи од различни места од светот. Ќе имаме пет работни дена со мастер класови и исто така, посети на ресторани и хотели низ Македонија. Настанот не е само за професионалци и ќе може и обичните граѓани да дојдат и научат да готват некој вид на јадење, рече Вучков.

Посочи дека пријавувањето за обуките и за посетата на објекти е веќе започнато и во тек.

Фестивалот е од хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат наменети за отворање на Академија за готвење, односно отворен простор каде членовите од професионалната организација на готвачи ММЦЦ и странски готвачи ќе споделуваат знаење со сите заинтересирани посетители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето