Инфлуенсерка со 7,5 милиони следбеници започна штрајк со глад во затвор во Дубаи

Од:

Раван бин Хусеин (28), позната инфлуенсерка со повеќе од 7,5 милиони следбеници на Инстаграм, моментно е во затвор во Дубаи.

Инфлуенсерката од Кувајт беше уапсена за првпат во март оваа година, а сега нејзините шокантни фотографии повторно се шират на интернет.

На фотографиите, таа изгледа бледо и изнемоштено, што предизвикува загриженост кај нејзините обожаватели.

Според извештаите, таа започнала штрајк со глад откако нејзината казна била дополнително продолжена поради лошо однесување зад решетки, објави Индија Тајмс.

Според властите во Дубаи, инфлуенсерката била уапсена за неколку прекршоци. Нејзините прекршоци во тоа време вклучувале нарушување на јавниот ред и мир, напад врз службено лице и пијана состојба на јавно место, а истрагата открила дека таа вербално навредила неколку полицајци за време на инцидентот.

Потоа таа беше осудена на шест месеци затвор, мораше да плати казна од околу 4.700 евра и требаше да биде протерана од земјата по отслужувањето на казната.

Сепак, таа сè уште не ја отслужила казната, а сега се најде во нови правни проблеми. За време на престојот во затвор, наводно, таа нападнала чувар, поради што казната ѝ е продолжена за уште една година, објавуваат медиумите.

Во знак на протест против продолжената казна, Раван бин Хусеин наводно одбива храна и започна штрајк со глад. Изворите велат дека нејзиното здравје се влошува, а нејзините најнови фотографии од затвор ги загрижиле нејзините следбеници.

Некои од нејзините обожаватели бараат ублажување на казната, додека други се противат на тоа, тврдејќи дека законот на Дубаи важи подеднакво за сите, без оглед на славата или следбениците на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иранските напади ја разоткриваат големата ранливост на земјите од Заливот

Турска инфлуенсерка (27) пронајдена почината во нејзиниот стан

А1он

ВИДЕО: Нови ирански напади на заливските држави

ВИДЕО: Ирански дронови погодија нафтен терминал во ОАЕ и американската амбасада во Багдад

Предраг Петровиќ

Возач загина во Дубаи откако беше погоден од остатоци од пресретната ракета

(ВИДЕО) Сите летови до и од Дубаи се суспендирани