Тројца студенти од индиската сојузна држава Утар Прадеш ги загубија животите на една пруга, кога се обиделе да направат „селфи“ со воз што се приближувал кон нив.
Како што објави весникот „Тајмс оф Индија“, несреќата се случила вчера, кога Индија го одбележуваше Денот на Републиката.
Четворица студенти планирале да отпатуваат за градот Агра за да го посетат мавозлјеот Таџ Махал и кога стигнале на железничката станица, едниот од нив предложил да направат „селфи“. Тројца од студентите застанале на пругата во очекување воз да почне да им се приближува од зади, додека четвртиот ги сликал.
„Сликачот“ по инциднетот и изјавил на полицијата дека им довикувал дека возот се приближува, но тие не реагирале на неговите повици и продолжиле „да се забавуваат на пругата“.