Индија лансираше ракета со 31 сателит

Од:

Индија денеска лансираше ракета која што со себе носеше 31 сателит, неколку од нив за европските земји, пренесе Ројтерс и додаде дека Индија сака да се воспостави како сила која што нуди евтини услуги во вселената.

Ракетата Полар Сателајт Лаунч Виекл (PSLV) го носела 712 килограми тешкиот сателит Картосат-2 и 30 помали сателити.

Освен индиските сателити, ракетата носела и сателити за 14 други земји, вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Летонија, Литванија и Словачка во рамките на меѓународниот аранжман со Индиската организација за вселенски истрашувања (ISRO).

Денешното лансирање е на 18 дена откако Индија во орбитата испрати три тони тежок сателит, достигнувајќи ги техничките можности на САД, Русија, Кина, Јапонија и Европската вселенска агенција.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија