Игор Марков за старт на ревијалниот дел на есенскиот Моден викенд

Од:

Ревијата на младиот дизајнер Игор Марков во Музејот на Град Скопје вчеравечер означи старт на ревијалниот дел на Моден викенд Скопје за есен/зима 2015/2016 кој се одржува по дванаесетти пат и ќе трае до 25 октомври.

На ревијата на Марков беше прикажана колекцијата наречена „Prêt-à-porter féminin de luxe“ за 2016 година, составена од 23 уникатни парчиња.

_MG_0180

„Она кое ја издвојува оваа жена од масата не е само нејзината исклучителна атрактивност туку нејзиниот став. Се познава себе си и цени. Оваа личност никогаш не се плаши да биде во центар на вниманието, без разлика дали поради смелите и непредвидливи модни избори или нејзините животни убедувања“, вели за своите креации Игор Марков кој дебитираше на Моден викенд Скопје 12.

За фризурата на манекенките се погрижи тимот на студиото „Леонтиќ“.

DB2C0071

Вечерва Моден викенд Скопје се враќа во Музејот на Македонија кадешто ќе се одржат ревиите на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска и Венера Мустафа (Р.Косово) која за прв пат ќе се претстави пред македонската публика.

Сите посетители на Моден викенд Скопје меѓу ревиите ќе можат да го посетат „Lotus Cozy Cinema“ во Музејот , каде ќе бидат прикажани кратки филмови на македонски режисери . Филмовите се поддржани од Агенција за Филм на РМ.

Би можело да ве интересира

Модата е уметност, a дизајнот знае за етика, по 26 пат FWSK

Ана Ололовска

21. Моден Викенд Скопје: Дигитално издание со домашни дизајнери и странски брендови

Ана Ололовска

Четврти ден Моден викенд Скопје: Тошева, Ивановски, Занов и „Kigili“

Емир Латифовиќ

Ревии на Занов, Тошева и Ивановски на третиот ден на Модниот викенд

Емир Латифовиќ

„Свадбените приказни“ го отворија 12. Моден викенд во Скопје

Емир Латифовиќ