Идрис Елба пријави жена во полиција: „Морав, од септември…“

Од:

Актерот Идрис Елба и неговата сопруга Сабрина имаа голем проблем од септември – беа мета на жена која ги демнеше.

Ѕвездата на „Лутер“, 53, и неговата сопруга, 36, со која е во брак шест години, беа „многу вознемирени“ кога жената се појави на низа приватни настани во Лондон, на кои присуствуваа одделно во различни денови.

Елба ја запозна манекенката Сабрина Дур во 2017 година во џез-бар во Ванкувер додека го снимаа филмот за преживувањето „Планината меѓу нас“.

Откако се зближија, двојката се венча две години подоцна на блескава церемонија во Мароко.

Сега актерот и поранешната Мис Ванкувер се „многу вознемирени“ затоа што неименувана жена ги следеле со недели.

Наводно, таа почнала да ги следи во септември и продолжила да го прави тоа до неодамна.

Извор за „The Sun“ изјавил: „Овие настани беа исклучително вознемирувачки за Идрис и неговото семејство. Тој немаше друг избор освен да го пријави тоа на властите бидејќи се отиде предалеку.“

Изворот на таблоидот додаде: „Кога дозна дека Сабрина е вмешана во ова, тоа очигледно беше последната капка за него. Тој направи она што сметаше дека мора да го направи за да ја заштити својата сопруга и семејството.“

Освен што биле следени на приватни настани, се верува дека двојката била и жртва на сајбер-следење – нивните е-адреси биле хакирани.

Се вели дека полицијата сега е вклучена во истрагата.

Би можело да ве интересира

Карлеуша удри на демонстрантите во Нови Сад: „Трагедијата ја претворивте во фарса со палестински знамиња“

За време на повлекувањето од Русија, војниците на Наполеон добиле неочекувани болести

Дру Баримор: „Одењето на рехабилитација беше најдоброто нешто што ми се случило“

Каде Македонците ја бараат дигиталната забава

Раперот Шон Комбс „Диди“ осуден на четири години и два месеци затвор

Концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ со финален спектакл во Кичево