Идеален турист е пензионерот

Од:

Шеесетгодишниците им се најомилени гости на туристичките работници, бидејќи трошат најмногу пари и најмногу денови поминуваат на одмор, покажува едно истражување спроведено во Велика Британија.

Цената при планирањето на одморот е најмалиот фактор, со кој се раководат постарите лица меѓу 60 и 69 години, кои во просек трошат околу 800 фунти за сместување и пат.

Пензионерите исто така се туристи кои во просек остануваат најмногу денови на одмор, 11,5 денови, а британското истражување особено укажува на тоа дека пензионерската популација во следните години ќе се зголеми, како и дека во текот на една година „сениорите“ се одлучуваат заа повеќе патувања.

Студијата опфати пет илјади британски туристи на различни возрасти, а мошне интересен е податокот дека тие меѓу 50 и 59 години биле расположени за експериментирање и посета на местата, за кои младите, како и брачните парови ретко се одлучуваат. Постарите лица исто така земале предвид поголем број на локации за одмор.

Испитаниците меѓу 30 и 39 години претежно се одлучувале за помалку авантуризам во планирањето на своите патувања и почесто бирале бањи и одмаралишта со спа центри поради малите деца.

Интересен е и фактот дека за кампирање и разни видови на патувања најзаинтересирани биле лицата на старост меѓу 40 и 49 години, додека најомилена дестинација за авантуристичко патување меѓу испитаниците кои имаат меѓу 18 и 29 години била Азија.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ