На доделувањето на Златниот глобус, најважната американска филмска награда по престижниот Оскар, се оддаде чест на жртвите на терористичките напади во Париз, во кои беа убиени 17 и ранети најмалку 20 лица.
– Денеска е вонреден ден, милиони луѓе се на улиците, не само во Париз, туку и во целиот свет, рече актерот Џорџ Клуни примајќи ја наградата „Сесил ДеМилl“ за животно дело и хуманитарни активносоти на церемонијата на доделувањето Златен глобус.
– Нема никогаш да се шетаме во страв, додаде Клуни кој на француски рече: „Јас сум Шарли“, слоган кој се користи во целиот свет по нападот на парискиот сатиричен неделник, „Шарли ебдо“ каде беа убиени 12 луѓе.
Слоганот на француски го изговори и актерот Џаред Лето, кој додаде дека сочувствува со „браќата, сестрите, пријателите и семејствата на жртвите во Франција“.
Актерката Ејми Адамс која доби Златен глобус за најдобра актерка во комедијата „Големи очи“ (Big Eyes) реч дека „срцето и е во Париз“.
Актерката Дајан Кругер и австрискиот трансвестит Кончита Вурст носеа беџови „Јe suis Charlie“ (Јас сум Шарли).
Водителката на церемонијата, актерките Тина Феј и Ејми Пелер го споменаа хакерскиот напад на Сони за кој е обвинета Северна Кореја заради спорниот филм „Интервју“ во кој дејствието е за наводен атентат на лидерот Ким Џонг Ун.