Нема бизнис како шоу бизнис покажуваат Израелците. И покрај ужасот кој се случуваат во Појасот Газа и честите тревоги во Израел, ТВ куќата и понатаму го снима шоуто „Големиот брат“.
Израелската ТВ индустрија изгуби 15 милиони фунти од почетокот на судирите во Појасот Газа, пред 23 дена. Проблемот е во тоа што поради честите и долготрајни вести не се емитуваат комерцијални програми.
Но, и покрај честите тревоги кои предупредуваат на воздушните напади, продукцијата не сака да прекине со снимањето на шестата сезона од Големиот брат.
Медиумската куќа Кешет направи засолниште за станарите во вилата во селото Неве Илан, западно од Ерусалим.
Во првата недела, алармот се огласи два пати.
Потпретседателот на Кешет, Ран Телем, призна дека многу разговарале за идејата пред да ја донесат одлуката. Меѓутоа, им помогна податокот дека 45 отсто од домаќинствата го следат Големиот брат.
– Публиката сака да може да избега од реалноста, па се трудиме да го одржиме шоуто и покрај тешката ситуација, рече тој. Нагласи дека ја прекинуваат програмата кога има нешто битно и се пуштаат вести.
Секако, критичарите сметаат дека е лошо да се размислува за профит во ваква криза. Откога траат судирите загинати се повеќе од 1400 луѓе.