Хуманитарен концерт со диско хитови во Струмица

Од:

Седумдесет ученици од гимназијата „Јане Сандански“ заедно со нивните професори Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова деветти пат го приредија традиционалниот божиќен хуманитарен концерт. На годинашниов, на сцената во НУЦК „Антон Панов“, ги донесоа диско хитовите од познати и популарни изведувачи од минатиот век.

Празничниот и тематски концерт годинава беше со наслов „One way ticket“, а со таа нумера беше отворен.

Со прекрасни аранжмани и кореографија солистите, хорот, бендот и ритмичката група во еден здив ги отпеаја и одиграа диско хитовите на ABBA, Boney M, Bee Gees и многу други, кои ги полнеле подимумите некогаш.

Синоќа се одржаа два концерта, а поради големиот интерес на публиката ќе се одржи уште еден вечер.

Собраните средства од концертите се наменети за обезбедување музичка опрема и опремување на кабинетот по музика на струмичката гимназија.

Би можело да ве интересира

Разрешени се сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица