Хуманитарен концерт на Битолскиот детски хор „Ѕвончиња“

Од:

Детскиот хор  „Ѕвончиња“ вечер во Битола ќе го одржи четвртиот по ред хуманитарен концерт „Пееме до ѕвездите“-  посветен  на македонската поп иконаТоше Проески.

Организаторите на вечерашниот хуманитарен концерт информираат дека „Ѕвончињата“ пеат за да се сочуваат од заборав песните на Тоше Проески, а собраните средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

– Овој концерт е единствен од ваков вид во Македонија и е особено значаен затоа што е инициран и реализиран од деца, со голема љубов за нивниот и наш Тоше. Средствата собрани од претходните концерти беа донирани во Зоолошката градина, Музичкото училиште, Домот за доенчиња  и мали деца, а и годинава, собраните средства ќе бидат донирани во хумани цели, се посочува во најавата за вечерашниот концерт што ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура во Битола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Топол оброк за стотина граѓани, се подигнува свеста за користење на вишокот храна

Ана Ололовска

Награди за хуманитарни активности на институции и поединци

Ана Ололовска

ВИДЕО: И Сашко Коцев се приклучи на хуманитарната забава за Николче од Велес

Ана Ололовска

Хуманитарен настан „За ХАЕ, на точак“

Емир Латифовиќ

Светскиот ден на прва помош

Ана Ололовска

СДСМ се вклучи во хуманитарната акција на Американската амбасада во Скопје и Црвениот крст

Ана Ололовска