На 18-годишната Естер Беришиќ, дирекцијата ан изборот „Кралица на Хрватска“ и хја одзеде круната поради недолично однесување во јавност – пренесуваат рватските медиуми. Капката која ја прелила чашата, била изјавата а нејзината мајка дека следниот настап на Естер е во ноќен клуб во Белград како стриптизета заедно со познатата старлета Сораја Вучелиќ.
Одлуката била донесена минатиот четврток. Пресудно било тоа што мајката на Естер, Анита, го превзела менаџментот врз својата ќерка, и договарала „тезги“ без нивно знаење и тоа најчесто такви кои „го нарушуваат угледот“ на титулата.
Директорките на изборот Сања Бједов Поповиќ и Тамара Роглич во интервју за „јутарњи“ се пожалиле дека Анита својата ќерка ја нудела каде стигне, само за да заработи повеќе пари.
Дирекцијата одлучи да и ја одземе титулата на Естер, а истата да ја наследи првата придружничка, 21-годишната Теа Матијевиќ.
Партнерката на дирекцијата на фестивалот Регина Џагер била најостра во своите изјави „Ние сите се трудиме околу една безбразна девојка, за таа да не срамоти каде стигне и да не го почитува договорот. Требаше веднаш да и ја одземеме титулата, што повеќе се трудиме околу нејзе, таа е се побезобразна“
Естер и нејзината мајка, не ја коментирале одлуката на дирекцијата.