Вчера, Викторија Бекам на Инстаграм сподели моменти од семејниот одмор во Хрватска, а под серијата фотографии кои ги објави беше искритикувана за ежовите кои ги извадиле од морето.
Модната креаторка сподели неколку фотографии и видеа кои бележат како изгледал нивниот одмор во Хрватска.
Една од симпатичните снимки ја прикажува нејзината 11-годишна ќерка Харпер Севен со Дејвид.
Среќен викенд! Бакнежи од Хрватска“, напиша Викторија во описот на објавата.
Пред Харпер и Дејвид имаше неколку морски ежови, а токму поради тоа многумина ја критикуваа славната двојка.
„Ова би живеело 100 години во Јадранот, а потоа дојдоа Бекамови…“, пишува во еден од коментарите.