Хороскопските знаци и летните пијалаци: Ракот ужива со сангрија, а Овенот со сок од грејпфрут

Од:

Летните забави не би биле тоа што се без освежувачките студени напитоци. Без оглед на тоа дали станува збор за алкохолни коктели или за природни сокови, сите хороскопски знаци имаат различен вкус.

Релаксирањето покрај базенот или плажа во жешките летни денови и ноќи најдобро оди со освежителен пијалак.

Овен

Припадниците на овој знак најдобро ќе се освежат со цитурсни сокови, а сокот од грејпфрут, лимон и портокал е одличен избор . Ако сакате од ова да направите коктел додајте само малку водка. Овновите сакат и сок од лубеница кој е совршен за нивниот активен животен стил.

Бик

Јагодите се идеален избор за Биковите бидејќи тие сакаат комбинација од кисело и слатко. Направете летно смуди од јагоди и банани со додаток на лед и малку вода. Биковите сакаат пијалаци со основа на сок од домат. Идеален коктел за нив е Блади Мери.

Близнаци

Близнаците сакаат авантура и љубители се на егозтични вкусови. Егозотичното овошје е идеален избор за нив, и може да пробаат коктел од калинка и водка. Го сакаат и вкусот на ванила, а ги сакаат и коктели со вкус на ментол и рум.

Рак

Ако се родени во овој знак ова лето обидете се да експериментирате со сокот од грозје. Затоа за Раковите идеален избор е сангријата која најмногу ќе им се допадне ако има многу лимон и лимета.

Лав

Овој знак го обожува летниот вкус на сокот од ананас. Идеален коктел е кога на сок од ананас ќе додадете малку рум и водка. Лавовите многу сакаат лимон и мандарина.

Девица

Сокот од кајсила е одличен избор за родените во знакот на Девица. Пробајте интересна комбинација од природен сок од кајсија и студен чај од гингсенг и додадете малку цимет. Интересно е што Девиците сакаат и сокови кои се базираат на зеленчук, но треба да избегнуваат силни зачини.

Вага

Вагите сакаат сокови од шумско овошје, а црешите, боровинката и малините се совршен избор за нив. Доколку се одлучат за освежителен коктел треба да додадат само малку лед и водка во комбинацијата на сок од овие плодови.

Скорпија

Скорпиите водат сметка за себе и ужуваат во сокот од морков кој им го зголемува либидото. Овој сок може да го искомбинираат со сок од јаболки или цитруси. А кога станува збор за алкохол Скорпиите најдобро се разладуваат со пиво.

Стрелец

Стрелците како и Близнаците уживаат во егзотичните вкусови, па затоа ова лето мангото е одличен избор за нив. Истотака во чаша шампањско може да додадат малку сок од манго. Овој пијалак брзо ќе ги освежи, а ако сакаат нешто посилно тогаш треба да се напијат студен чај од мента.

Јарец

За Јарецот совршен здрав пијалак е мешавината од цвекло, зелка и блага пиперка. Тоа треба да го зачинат со толчен пипер и се добива совршен солен коктел кој ќе ве засити и освежи. Доколку сакаат благо освежување тогаш треба да пробаат мешавина од лубеница и диња.

Водолија

Водолиите сакаат многу тикви а нивниот вкус најдобро се сложува со цимет и мускатно оревче. Направете здрав милк шејк до смрзната тиква, млеко и зачин. За коктели може да уживаат во ликер од лубеница.

Риби

Уште еден знак кој сака да експериментира со егзотичните вкусови , па затоа мангото и папајата се вистински погодок за Рибите. Овие две овошја ставете ги во блендер додадете неколку коцки лед и сипете малку јогурт. Овој пијалак е здрав и многу освежува. Рибите истотака сакаат вермут и коктели со овој пијалак.

Би можело да ве интересира

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ