Хонконшкиот Дизниленд отворен за јавноста

Од:

Рекреативниот Дизниленд парк во Хонг Конг, Кина, којшто беше затворен на крајот на јануари поради епидемијата на коронавирусот, денеска беше повторно отворен за јавноста.

Детскиот парк ќе работи со зајакнати мерки за заштита на здравјето, односно со намален капацитет, соопштуваат оттаму.

Повеќето од знаменитостите и продавниците во тематскиот парк ќе почнат со работа, но со ограничен број посетители, задолжително мерење температура и со почитување на мерките за физичка оддалеченост. Работата на хотелите во комплексот, исто така – постепено ќе се враќа во нормала. Дезинфекција на просториите ќе се врши почесто, додека рачните средства за дезинфекција ќе бидат достапни на повеќе места.

Хонг Конг до овој миг вкупно има 1.121 случај на зараза со коронавирус и четворица починати.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он