Холивудската ѕвезда проговори за мистериозната болест: „Ме снема 20 дена, не се сеќавам на ништо“

Од:

Холивудскиот актер Џејми Фокс искрено зборуваше за својата мистериозна здравствена состојба која најверојатно го оставила во кома три недели.

Оскаровецот ја сподели приказната за својата болест со група луѓе на улиците на Аризона во видео споделено на социјалните мрежи во понеделникот.

Фокс беше хоспитализиран додека го снимаше филмот „Back to Action“ со Камерон Дијаз во Атланта. Актерот подоцна откри дека не можел да оди и „видел тунел, но немало светлина“ додека се борел да преживее.

Фокс беше снимен како им зборува на обожавателите за неговата мистериозна болест. Тој откри дека сè започнало со „тешка главоболка“ поради која „посегнал по Адвил“, по што се разбудил по речиси три недели без да се сеќава што се случило, пишува Дејли Мејл.

Ме снема 20 дена, не се сеќавав на ништо“, рече актерот.

Истакна дека сестра му и ќерката го однеле на лекар, кој му рекол: „Нешто се случува таму“ – покажувајќи му на главата.

Рече дека не би му го посакал тоа што го поминал на својот најголем непријател и затоа многу го почитува животот.

Би можело да ве интересира

Џејми Фокс во нов биографски филм за Мајк Тајсон

Кејти Холмс и Џејми Фокс планираат венчавка во Париз

Наум Локоски