Џејми Фокс во нов биографски филм за Мајк Тајсон

Од:

Џејми Фокс (52) потврди дека ќе го глуми боксерот Мајк Тајсон во биографскиот филм за него, што е во подготовки. За таа цел, глумецот е во интензивен режим на тренинзи.

– Секој ден правам 60 поткревања, 60 пропаѓања и 100 склекови, изјави тој.

За оваа улога на Фокс се говори уште од 2014 година. Филмот најверојатно ќе го режира Мартин Скорсезе, но тоа сѐ уште не е потврдено.

Фокс во 2005 година доби Оскар за еден друг биографиски филм – „Реј“, т.е. за пресликувањето на ликот на музичката ѕвезда Реј Чарлс. Благодарение најмногу на тоа ја добил и улогата на Тајсон.

Освен по неговите постигнувања во боксот, Мајк Тајсон е познат и по своите пороци и контроверзи. Тој во 1992 година бил осуден за силување, а 1997 година доби и забрана за боксување, откако му одгриза дел од увото на својот противник Ивендер Холифилд.

Би можело да ве интересира

Тајсон се подготовува за борбата со Џејк Пол

Малави го бара Тајсон за промотор на локалната индустрија на канабис

А1он

Мајк Тајсон повика на бојкот на новиот биографски документарец за него

Ана Ололовска

Холифилд го предизвика Тајсон, кој пред повеќе од 20 години му откина дел од увото

Ана Ололовска

Мајк Тајсон користи допинг?

Ана Ололовска

Тајсон се враќа во рингот

А1он