„Хамлет машина“ нова премиера на битолскиот театар

Од:

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ги заврши подготовките за најновата театарска премиера „Хамлет машина“ од Хајнер Милер, што ќе биде изведена на 28 и 29 декември, информираат од Народниот театар.

Во изминатите два месеца со битолските актери интензивно работеше гостинот режисер од Суботица Андраш Урбан кого критичарите го сметаат за човек кој го негува современиот правец на балканскиот театар.

– Изградивме одличен флуид со актерите од овој град кој наликува на мојата Суботица, иако и двата се наоѓаат на различни пунктови во регионот, истакна на прес – конференција во Битола, режисерот со унгарско потекло Урбан, кој освен со актерите во премиерната претстава соработува со композиторот Силан Мезиќ, костимографот Благој Мицевски и сценографот Валентин Светозарев.

Најновата претстава „Хамлет машина“ на битолскиот театар освен со премиерна изведба ќе биде придружена и со премиерно претставување на новиот актерски простор, некогашниот салон за проби во НУ Центар за култура. Станува збор за нова мала сцена со повеќефункционална намена, со капацитет за 200 посетители која во текот на овој месец интензивно се подготвуваше во Битола и за чија целосна реконструкција средства обезбеди Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“