Гугл сака да го патентира делењето на сметките во рестораните

Од:

Гугл поднесе барање за заштита на патент со амбиција да реши еден од најнезгодните предизвици на човештвото – како чесно да се подели сметката на крајот на оброкот.

Барањето за патент претставува систем, како мобилна апликација, која автоматски ги бележи трошоците на секој поединец во групата, следи колку должат сите членови и на крај на оброкот ја одлучува поделба на сметката, автоматски префрлувајќи ги парите од сметката на сите присутни за таа да биде правилно поделена.

Исто така, крајно соодветен е и податокот дека на барањето за заштита на патентот се потпишале шест лица од Гугл, така што без сомнеж можеме да претпоставиме како тие дошле на оваа идеја.

– Луѓето многу често се опуштаат во групни активности. На пример, група пријатели можат заедно да одат на одмор или на вечера.

Кога ќе ја добијат сметката, во повеќе случаи таа оди на едно лице кое ќе ја плати – затоа што така е полесно, но исто така тој ќе очекува другите членови од групата да му дадат пари за својот дел од сметката. Меѓутоа, понекогаш може да се случи некој да не го плати својот дел од сметката или да заборави на тоа лице да му даде пари. Ова не е фер кон лицето кое ја платило сметката.

Затоа треба ефикасен начин да се следат трошоците на поединците во група и на крај правилно да се прераспределат парите – стои во барањето за заштита на патентот.

Оваа апликација за патентот оригинално е поднесена во март 2012 година под името Следење и раководење на групни трошоци, но во јавноста се појави дури минатата недела.

 

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска