„Гугл“ призна: Ги читаме пораките

Од:

„Гугл“ ги освежи условите за користење на „Gmail“со цел на корисниците да им стави до знаење дека ги гледа сите пораки, пишува „Гардијан“.

Сега во условите се наведува дека автоматскиот софтвер на „Гугл“ ја прегледува содржината на елекстронската пошта, која се чува на нивните сервери, како и на оние кои испраќаат и примаат пораки, од кој било налог на „Гугл“.

Компанијата ги проверува пораките за да ја препознае непосакуваната пошта и опасните софтвери од една и вашата пошта од друга страна, но и поради огласување односно создавање реклами, кои ќе бидат прилагодени до корисниците.

-Ова не е најлошата работа која што ја прави „Гугл“. Но како и другите слични работи, ако луѓето тоа ги загрижува, би требало да им е овозможено во потполност да ја исклучат оваа можност, ако сакаат-вели Џим Килок, директор на британската организација „Опен Рајт Груп“, чија што цел е заштита на човековите права во дигиталното време.

Килок додава дека „Гугл“ прави многу поопасни работи, како чување информации за поединци.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска