Андроид 4.3 би можел да биде следната верзија на оперативен систем на компанијата „Гугл“, се наведува во сертификатот на групата „Блутут спешл информејшн“.
Оваа група неодамна издаде сертификат за моделот на смартфон HTC One на „Гугл“, за кој се наведува дека ќе користи Андроид 4.3 Jelly Bean.
Андроидот 4.3 ќe има Блутут 4.0 LE поддршка за „паметни“ апарати, што ќе овозможи брза размена на податоци.
Неодамна е соопштено дека HTC One е во процес на „добивање“ надоградба на Андроидот 4.2.2.
Компанијата „Гугл“ се уште официјално не го најавила својот нов оперативен систем.