Откако претходно оваа година го пушти делот за аудио книги во онлајн продавницата „Гугл Плеј“, сега интернет компанијата додава нови, паметни функции за нивно користење.
Така на пример, паметна пауза му овозможува на корисникот да продолжи да ја слуша запрената петта аудио книга не од „полу-збор“, туку од почетокот на зборот или од место кое ќе овозможи да се разбере значењето на речиницата.
Нови можности се исто така забрзувањето и забавувањето на репродукцијата. Корисникот може да слуша аудио книги на тројна брзина или дури и побрзо, а ако е потребно – да ја забави репродукцијата двапати.
Како дополнување, семејната библиотека веќе овозможува споделување на книги. Корисниците можат бесплатно да споделат е-книги и аудио книги со до пет членови на семејството, ако издавачот поддржува слична опција.
Освен тоа, семејната библиотека сега е достапна во 13 нови земји, Германија, Италија, Шпанија, Холандија, Белгија, Русија, Норвешка, Полска, Швајцарија, Мексико, Јапонија, Јужна Африка и Чиле.
Услугата се уште не е достапна за корисниците во Македонија.