„Гугл“ ќе инвестира во сателитска мрежа за поголем пристап до интернет

Од:

Американската компанија „Гугл“ планира да инвестира повеќе од една милијарда долари во сателитска мрежа, чија цел ќе биде проширување на пристапот до интерет во оддалечени делови од светот, пишува весникот „Волстрит џурнал“.

Проектот ќе започне со 180 помали сателити кои ќе се наоѓаат во орбита на помала височина од онаа што вообичаено се користи за сателити.

Во зависност од големината на мрежата, вредноста на проектот може да изнесува од една до над три милијарди долари.

Интернет гигантот во април соопшти дека ќе употреби и беспилотни авиони за истата цел. 

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска