Премиерата на претставата „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен во режија и драматизација на Деан Дамјановски вечер во 19 часот ќе биде изведена во Театарот за деца и младинци – Скопје.
Идејата за да се постави оваа претстава е на режисерот Деан Дамјановски. Според него, во претставата, која се гледа во еден здив, доаѓаат до израз актерската игра, визуелните ефекти, музиката и танцот. На сцената ќе се видат и ликови кои ги нема во оригиналната верзија.
Во претставата играат Емран Куртишова, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски, Татјана Павловска Кочовска, Мики Анчевски и Предраг Павловски. Костимографијата е на Елена Дончева, а сценографијата на Кирил Василев. Музиката е на Љупчо Мирковски, а кореографијата на Сања Шутевска. Костимите ги изработиле Љубица Велкова, Ирена Танчева и Зејнеп Адиловска.
На сцената на Театарот за деца и младинци – Скопје досега се изведени повеќе дела од Андерсен, „Снежната кралица“, Девојчето со кибритчиња“ и „Малата сирена“.