Графити инспирирани од коронавирусот на тераса во Атина

Од:

Секојдневието во период на епидемијата на коронавирусот беше инспирација за 16-годишен ученик, на терасата на кровот од зградата во која што живее во Атина, да создаде два графити, едниот жена со медицинска маска, а вториот, со пораката сите да останат дома, јави дописничката на МИА од Атина.

За грчката новинска агенција АНА-МПА, 16-годишниот S.F., како што му е уметничкото име, вели дека сакал да го отслика она што го гледа секој ден, односно дека веќе сите се движат со медицински маски.

-Одбрав да илустрирам еден поглед во кој гледачот може да ја сфати тагата, но и очајот од драматичниот развој на настаните со ширењето на коронавирусот, вели ученикот.

Вториот графит на истата тераса е со пораката „Остани дома“ на грчки и англиски јазик, заедно со знамињата на Грција, Италија, Кина и Франција.

Фотографиите од терасата ги објави грчката фото агенција „Еврокиниси“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он