Осигурителната компанија „Direct Line“ спроведе истражување за да открие што е тоа што гостите во хотелите најмногу ги нервира во токот на нивниот престој во нив.
Резултатите од анкетата покажаа дека на врвот на листата работи што гостите во хотелот ги доводува до лудило се наоѓаат пијаните гости кои прават неред и вревата што ја прават градежните работи во близина на хотелот.
Гостите, исто така, имаат малку разбирање за лошиот квалитет на храната и постојаното нудење тура со водич во хотелот.
Голем број од 2.000 испитани лица не гледаат благонаклонето ниту на гостите кои рано наутро ги оставаат пешкирите на лежалките за да си резервираат место покрај базенот.
Тоа што на мнозинството може да им го расипе пријатниот престој е и преголемиот број перници расфрлани низ собата, персоналот кој влегува да ја исчисти собата дури и кога не е назначено дека чистењето е потребно, како и збунувачките славини во бањите.
На листата уште се наоѓаат неадекватниот бежичен интернет по високи цени, неможноста од подобро и пофлексибилно организирање на пријавувањето и одјавувањето од хотелот, како и гласната вентилација.