Големи јахти и приватни авиони почнаа да пристигнуваат во Венеција за големата свадбена прослава на сопственикот на Амазон, Џеф Безос, и новинарката и пилотка Лорен Санчез, која ќе трае од четврток до сабота.
Јахтата долга 60 метри, во сопственост на менаџерот на инвестициски фондови и филантроп Бил Милер, како и јахтата Киснет долга 122 метри, во сопственост на милијардерот Шахид Кан, беа меѓу првите што се закотвија во Венеција, каде што протестите неодамна се засилија поради „преземањето“ на главните објекти на градот од страна на Безос, објавува „Анса“.
Поради високото ниво на безбедност и строгата доверливост околу најелегантната свадба во годината, службениците на аеродромот „Марко Поло“ не сакаа да ги откријат идентитетите на патниците во многуте приватни авиони што веќе пристигнаа.