Голем број пабови во Англија и Велс се затворени

Од:

Во Англија и Велс има помалку пабови од кога било досега, покажа истражувањето кое фрла светлина врз разорните ефекти од пандемијата и наглото зголемување на трошоците за водење бизнис.

Вкупниот број на пабови падна под 40.000 во првата половина од годината, што значи дека во Англија и Велс има седум илјади помалку пабови од пред десет години.

Пабовите кои исчезнале од заедниците се урнати или претворени во станбен и деловен простор. Угостителскиот сектор се соочи со огромни предизвици во годините на пандемијата бидејќи заклучувањето нанесе тежок удар на побарувачката.

Пабовите некако успеаја да се извлечат од кризата предизвикана од коронавирусот, а потоа се најдоа под товарот на рекордно високата инфлација и енергетската криза.

Помеѓу крајот на 2021 година и крајот на јуни, 200 пабови се затворени во Англија и Велс.

Би можело да ве интересира

Европските и светските претставници го осудија убиството на британската пратеничка

Емир Латифовиќ

Скандал во Бакингам: Принцот Ендру имал секс малолетничка?

Емир Латифовиќ

Камила и принцот Чарлс се разведуваат?

Емир Латифовиќ

Британски рокер осуден на 35 години затвор поради педофилија

Емир Латифовиќ

Дивеењето на „Свети Јуда“ уби деветмина Европјани

Емир Латифовиќ

„Which“: „Рајанер“ има најлош однос кон корисниците на услугите во Англија

Емир Латифовиќ