Го изгубил клучот, па се искачил по фасадата до шестиот кат

Од:

Еден Швеѓанец од Малме, кој го изгубил клучот и не можел да влезе во својот стан, се искачил по фасадата до шестиот кат во зградата во која живее.

Како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, Швеѓанецот се решил на таков рискантен чекор, надевајќи се дека ќе може да влезе дома преку отворен прозорец на станот, па тргнал да се качува однадвор по фасадата.

За жал, кога успеал да дојде до шестиот кат, на негово големо разочарување, констатирал дека ниту еден прозорец на станот не бил отворен.

– Потоа тропнал кај некој сосед, кој му помогнал на тој начин што ја повикал спасувачката служба за да го спуштат од фасадата,  изјави за весникот „Сидсвенскан“ Марие Персон, портпарол на полициската централа во Малме.

Спасувачите за среќа пристигнале брзо и со пожарникарски скали му помогнале на „урбаниот планинар“.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица