Ќерката на претседателот на САД, Иванка Трамп објави на социјалните мрежи фотографија каде седи покрај претседателската маса во Овалната соба, додека покрај неа стои Доналд Трамп и премиерот на Канада Џастин Трудо, што предизвика бурни реакции на нејзините следбеници.
Иванка Трамп фотографијата ја постави на Твитер, Инстаграм и Фејсбуск со порака: „Убав разговор со двајца светски лидери за тоа колку е важно жената да има место на масата“.
Освен многу убави зборови од следбениците на Трамп, Иванка која нема официјална функција во Белата куќа доби и голем број критики и коментари дека не го заслужува правото да седи зад масата на претседателот.
Иванка Трамп во понеделникот учествуваше на тркалезната маса со жените работодавачи од САД и Канада, а во текот на состанокот седеше покрај Трудо.