Гмаил и Виндоус 10 ќе се согласуваат многу подобро

Од:

Пред неколку месеци Мајкрософт најави низа новитети кои треба да ги подобрат Windows 10 апликациите Calendar и Mail. Meѓутоа, сите подобрувања тогаш можеа да ги очекуваат само корисниците на Outlook и Office 365 кои имаат свои профили. Меѓутоа, сега стигнува и поддршка за Гмаил.

По многу години борба која Мајкрософт ја водеше со овој Гуглсервис, компаниите конечно почнаа да соработуваат.

Сопствениците на Гмаил профили така ќе можат да уживаат во новите можности на апликациите интегрирани во Windows 10. Тоа вклучува Focused Inbox, побрзо пребарување, Interesting Calendars и други опции.

Focused Inbox со време се покажа како многу корисен додаток за сите кои примаат многу меил пораки. Оваа опција всушност го одвојува инбоксот на „приоритетен” дел и „останато”.

Поважните пораки (значи, не реклами, newsletter и слично) одат во „фокусираниот” дел и корисникот може полесно да им се посвети. Focused Inbox работи се подобро колку повеќе го користите, а познат е и по голем број на мобилни корисници (платформите iOS и Android ги имаат веќе некое време преку апликацијата Outlook).

Сепак, за почеток Гмаил ќе можат да го тестираат само Windows Insideri, а подоцна треба да биде вклучен во некоја од надградбите на Windows 10.

Би можело да ве интересира

Office 2021 – доживотно од 26.25 евра: Keysoff распродажба на Office софтвер!До 62% попуст во Keysoff!

Горан Наумовски

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска