„Глобално село” со АИЕСЕК

Од:

На 4-ти август (петок), од 18 до 22 часот, Skopje City Mall заедно со AIESEC Скопје, организираат настан “Global Village”, чија цел е да ги зближи луѓето од различни земји и култури и да ги прослави различностите, мултикултурализмот и глобализмот. На влезот на Skopje City Mall пред Play Café, ќе бидат поставени 7 штандови, од кои 6 на државите учеснички (Турција, Романија, Русија, Украина, Кина, Шпанија) и 1 на АИEСЕК. Настанот вклучува млади кои се дел од проектите на размена на АИЕСЕК Скопје: SAMS и Green Up, кои ќе ги претстават своите држави преку својата кујна, традиционална облека, музика, предмети и сценски настапи.

Идејата на овој хепенинг е да се поттикне меѓукултурното разбирање, да се зголеми свеста на младите за глобалните прашања, да ги тргнат предрасудите на страна, да ги прошират своите видици и да стекнат интерес за одредени земји.

Тоа го оживува основното гледиште за светот како едно големо “глобално село” кое ги инспирира луѓето да ја разберат и ценат различноста која само придонесува за мир и исполнетост на човечкиот потенцијал, што е всушност и една од основните вредности на АИEСЕК Скопје.

Македонија е земја во која е застапен мултикултурализмот, па затоа е од особена важност да ги спознаеме другите култури, да ги почувствуваме нивните животните стилови и да ги прифатиме различностите кои тие ги имаат.

Со „Глобално село”, повторно ќе се зближат луѓето од различни култури, со што ќе се прослават различностите, мултикултурализмот и глобализмот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето