Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Од:

Дали мирисот на свеж цимет или сланина сланина Ве привлекува во околниот ресторан за брза храна? Ново истражување потврдува дека она што го чувствувате во носот има голема врска со она што ви го кажува стомакот…

Имено, истражувачи од Северозападниот Универзитет во Еванстон, Илиноис, САД, велат дека чувството за мирис е всушност посилно кога сте гладни отколку веднаш по јадењето.

Имено, авторите на трудот откриле дека човековиот нос станува помалку чувствителен на мирисот на одредена храна, ако личноста штотуку го изела тој производ. На пр., луѓето, помалку веројатно, „ќе копнеат“ за кифличка со цимет ако ја помирисаат, откако само што изеле една таква. Спротивно на тоа, дури и мало навестување на мирис на цимет ќе натера некој да ја купи, додека сѐ уште не ја вкусил.

Скенирањето на мозокот на група учесници кои дегустираат кифли од цимет или пица, покажа дека луѓето послабо реагираат на мирисите од храната после јадење. Наодите откриваат и дека мирисот не игра само улога во она што го јадеме, туку и во развојот на самото чувство за мирис.

Авторите додаваат дека ова може да помогне за поурамнотежена исхрана, бидејќи човековиот нос, „со малку вежба“ ќе бара и поразновидно мени.

Би можело да ве интересира

Црното кафе може да помогне при слабеење

Ана Ололовска

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Ослабни со липо пакет и добиј подарок GE132

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Бананата може да придонесе за слабеењето

Ана Ололовска