Во Toворник во Хрватска овој викенд се одржа Фестивалот на овошна ракија, ликер и џем и Меѓународна изложба на тикви, а победничката тиква тежеше 420 килограми, информираа денеска организаторите .
На Меѓународната изложба се натпреваруваа 12 тикви, но две тикви биле со еднаква тежина и го поделија првото место – Ивица Рибариќ од Чеминк одгледа тиква од 420 килограми и Милан Десник од Савино Село (Војводина), исто така 420 килограми, а третиот Немања Тмушиќ од Савино Село, одгледал тиква тешка 360 килограми.
На неофицијалниот натпревар за најдолга тиква, прво место освои Иван Удовчиќ од Беровац со должина од 186 сантиметри.