Главната забава за младите гевгеличани по повод Денот на шегата 1 Април ќе биде вечер во ноќниот клуб „Принцес казино“, каде ќе се одржи голем маскенбал.
Организаторот соопшти дека учеството на забавата не е ограничено, но под услов секој што ќе влезе во клубот да биде маскиран. Ревијата од маски ќе ја следи и оценува комисија,а најдобрата маска организаторот ќе ја награди со 6.000 денари.
Во „Принцес казино“ овој викенд беше целосно посветен на Денот на шегата. Синоќа беше организирана урбана забава со диџеј Никос, а петокот беше резервиран за настап на победникот на „Макфест“, Зоран Илиев.