Гастрономски фестивал ИЦЕ2017 во Скопје

Од:

Во винаријата Камник во Скопје денеска беше отворен Гастрономскиот фестивал ИЦЕ2017 (Innovative Culinary Experience) што ќе овозможи да се запознаат шест интернационални кујни, во шест посебни мастер клас обуки и гала вечер, презентирано од шест мастер шефови, шест шефови и шест млади готвачи.

Идејата за овој настан е на шеф Марк Де Јонг, а неговата цел е мастер шефови да дојдат во Македонија да ја почувствуваат традицијата и културата преку изворни кулинарски рецепти од земјава, како и да се разменат искуства и нови иновативни техники од кулинарството. Настанот е поддржан од здружението Macedonian Multiethnic Culinary Chefs – ММЦЦ.

На фестивалот присуствуваат мастер шефовите Ралф Менегини, Стефан Пјер, Родриго Дуранд, Ердем Дирбали, заедно со членовите на професионалната организација на готвачи-ММЦЦ, шефовите Дејан Карапеев, Бобан Симоновски, Зоран Мајновски, Зоран Андоновски, Никола Мишковски и Марк Де Јонг.

Во слободно време учесниците на првиот гастрономски фестивал во Македонија и поширокиот регион ќе имаат можност да се запознаат со убавините на земјава, но и да ја пробаат македонската храна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето