Гарфилд го прослави 35-от роденден

Од:

Еден од најпознатите ликови од светот на стрипот, мачорот Гарфилд, вчера го прослави својот 35-ти роденден.

Најголемиот филозоф меѓу мачките, првпат во стрип се појави во далечната 1978 година. Гарфилд пред 35 години го осмисли Џим Давис, кој не ни помислил дека тромавиот и секогаш нерасположен мачор чија страст е лазањите, ќе стане вистински хит.

Со текот на времето Гарфилд стекна многу приврзаници, а моментно се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како најчитан стрип во светот.

Во продолжение донесуваме некои од мудростите на оваа портокалово мачка:

– Го мразам понеделник.
– Гладен сум, значи постојам.
– Ако сакате да изгледате слаби, дружете се со луѓето кои се подебели од вас.
– Не сум премногу дебел, туку премногу низок.
– Јадам премногу затоа што сум депресивен, депресивен сум затоа што јадам премногу.

Би можело да ве интересира

Во САД сакаат да го укинат Творот Пепе, го промовирал сексуалното вознемирување

Жарко Настоски

ВИДЕО: Млади аниматори го прават првиот македонски краток CGI научнофантастичен филм

Жарко Настоски

Критики за расизмот кон Френклин од „Чарли Браун“

Ана Ололовска

Промовирани „Стела и Сани“, првите македонски 3д анимирани карактери

Ана Ололовска

Том и Џери го слават 80. роденден

Ана Ололовска

Македонскиот студент Виктор Ивановски дел од тимот кој ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Ана Ололовска