Француската Влада е подготвена да поддржи закон со кој ќе биде забрането користење премногу слаби манекенки во рекламни кампањи и модни писти, изјави денеска министерката за здравство Марисол Турен.
Доколку биде усвоен законот, Франција ќе им се придружи на Италија, Шпанија и Израел во кои таков закон веќе е на сила од 2013 година.
Модните агенции кои ќе ангажираат анорексични манекенки ќе бидат соочени со казни до 75.000 евра. Предвидени се и затворски казни во траење до шест месеци за модни агенти.
Според новиот закон манекените ќе имаат обврска редовно да се мерат – нивната тежина не смее да биде под 55 килограми за висина од 1,75 метри.
Во Франција околу 40 илјади луѓе од кои 90 отсто тинејџери страдаат од анорексија.
Законот е усвоен во Долниот дом на парламентот, а Горниот дом утре ќе разправа за него.