Графити, скејт, блејд, бајк, стритбол и денс се дисциплини кои беа дел од неодамнешниот „Скопје стрит фестивал“, а најдобрите учесници вчера попладне се дружеа и беа наградени. Големиот интерес, прикажан преку преполниот Градски парк, потврди дека овој собир дава силен поттик за развој на урбаните дисциплини во главниот град, но и во цела Македонија.
На настанот, чиј главен поддржувач е „Пелистерка“, се собраа и низа талентирани стрит-уметници со уникатни хобија кои повикуваа на забава и даваа мотив плус за толеранција и за едукација.
Победник во машка конкуренција беше персоналот од кафулето „Кино Карпош“, додека во женска „Баскет грлс бели“. На денс-стејџот, на првата позиција се искачија младите танчери од хип-хоп студиото „Аква“ кои срдечно и самоиницијативно ја споделија наградата со тимот што се пласира на третото место.