ФОТО+ВИДЕО: Прво место од публиката на „Мали Сплит“ за Ана Гаштарова

Од:

Во продолжение на Сплитскиот Фестивал, веќе 23 години по ред се одржува познатиот тинејџерско-детски фестивал „Мали Сплит“, на познатиот плоштад Прокуративе, на Сплитската Рива.

Оваа година, како единствен претставник од Македонија учествуваше Ана Гаштарова, која настапи со песната „Летна љубов“.

Песната ја напишаа композиторот Ренато Михајловски и текстописецот Белинда Сипкоска Гаштарова. Ана песната ја изведе пола на хрватски и пола на македонски јазик и ја плени публиката со извонредниот настап и одличната кореографија.

Помеѓу 24 учесници Ана ја освои првата награда од публиката.

[nggallery id=216]

Таа даде неколку интервјуа, оствари средба со Сплитскиот градоначалник Иво Балдасар како и со претседателот на Македонското здружение Ангел Митревски. Овај настап беше поддржан од градоначалникот Лазар Котевски.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум