ФОТО: Трка на келнери во Струмица

Од:

Струмичани и вечерва потврдија дека умеат да се забавуваат и да уживаат во богатата понуда на второто издание на „Струмица опен фест“.

trka na kelneri 5

Го наполнија градското корзо и познатата леблебиџиска улица за да се дружат со келнерите и бармените кои си ги одмеруваа вештините и брзината. Четириесетина келнери и келнерки учествуваа во трката во која се натпреваруваа кој побрзо ќе стаса до целта.

trka na kelneri 6

Меѓу девојките најбрза беше Катерина Карамитрова од Гевгелија, чекот од 15 илјади денари од општината и го врачи градоначалникот Зоран Заев. Меѓу момчињата најбрз беше Кире Димитриев кој доби чек со истата сума од Скопска пиварница.

И додека келнерите се тркаа, а бармените подготвуваа коктели, љубителите на фолклорот во амфитеатарот уживаа во концертот на ансамблот „Тримери“ од Струмица.
trka na kelneri 7
Струмица опен фест продолжува , а на програмата во вторник се поезија, театарска претстава и ликовна колонија.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски