ФОТО: Започна Пиволенд 2013

Од:

Вчеравечер, на Скопското кале, почна шестото издание на Гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2013“, Манифестација што се одржува под покровителство на Град Скопје, а во организација на Здружението на граѓани Пиволенд -Скопје.

Гурманскиот викенд со пиво ПИВОЛЕНД 2013, за отворен го прогласи претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, којашто го искористи настанот и на сите посетители што овие пет дена ќе бидат дел од оваа Манифестација им пожела убави моменти на дружење и забава.

pocna Pivolend 2013 (8)

-Град Скопје во соработка со Здружението на граѓани – Пиволенд Скопје по шести пат го организира овој настан, се со цел да ја зголемиме забавната содржина во градот, да го направиме Скопје привлечен и за жителите и за посетителите на градот. На годинашниов ПИВОЛЕНД повторно се вративме на Скопското кале, најмногу заради атмосферата која ја нуди овој простор.

pocna Pivolend 2013 (2)

– Оваа година се фокусираме на промоција на македонската музика, затоа поголемиот дел од музичката програма ќе биде потполнет од македонски бендови, изведувачи диџеи. За крај Ви пожелувам добра забава во наредниве пет дена, уживајте во македонската музика и секако одговорно дегустирајте пиво. Град Скопје нема да застане тука, секоја година заедно со организаторот на настанот ќе работиме во континуирано зголемување на посетеноста, како и на зголемување на пивопроизводителите, и ќе ја менуваме и разубавуваме програмата со диверзитет на музички учесници кои ќе треба да задоволат различни вкусови. ПИВОЛЕНД е настанот со кој го отпоздравиме летото и ја поздравиме новата есен, истакна Мишева.

pocna Pivolend 2013 (3)

На првата фестивалсака вечер настапија ДЈ Тина, Оливер Дуев Латино, Буцо Beat Box, Дуото ДНК, Васил Хаџиманов и Тони Китановски и Dimitri from Chair & VJ Vitbeat. Вечер 12.09.2013 година (четврток) на програмата се: ДЈ Филип, Nex Time, Тамара Тодевска, Нокаут и Вера Јанковиќ.

pocna Pivolend 2013 (4)

Годинава љубителите на пивото ќе имаат можност да дегустираат пива од македонски производители, но и онакви кои немаат можност да ги дегустираат секојдневно од производители од поблиските и подалечни земји, неизбежните германски, чешки како и пива од Англија. Пиволенд 2013 е фокусиран на целосна промоција на македонската култура, па така во овие пет фестивалски денови ќе можете да ги проследите најголемите домашни ѕвезди како: Визија , и Бени Нон стоп , Ај Кју , Пеперминт Босса нова , Лабаво Лавабо и многу други, како и најдобрите македонските ДЈ-и: Гоце (саф), Славе, Мирко Попов, Ајсберг, Роботек, Лефанк, Гејм овер и Чваре.

pocna Pivolend 2013 (5)

Исто така, посетителите ќе можат да уживаат во настапите на регионалните ѕвезди: Електрични Оргазам, Едо Маајка, Постолар Трипер и Викеда. Покрај најавените 3 стејџа (главен, денс и кавер бенд) посетителите ќе имаат можност за уште едно музичко освежување – 4ти стејџ, за којшто ќе се погрижат момците од радио МОФ.

pocna Pivolend 2013 (6)На оваа сцена предност ќе им биде дадена на младите, алтернативни музичари и ДЈи од Македонија и ќе биде одлично надоплонувнање на веќе најавената музичка програма. Во музичките правци кои ќе бидат застапени преовладува вистинско шаренило. Музичкиот спектар се движи од дапстеп, драменбејс, прогресив и дач хаус, хип хоп, инди рок, реге, па дури и до традиционална ирска музика. Стејџот на МОФ Радио ќе биде во близина на игротеката за возрасни, на локација одлична и за оние што сакаат да се опуштат, но и за оние што сакаат да уживаат во добриот алтернативен звук.

pocna Pivolend 2013 (7)

Веќе неколку години по ред во рамки на петте фестивалски вечери функционира и катче каде што луѓето можат да се забавуваат играјќи повеќе маалски игри како: табла, шах, тексас холдем покер, пиво понг, не лути се човече, фудбалчиња и др. Учеството е едноставно и е секогаш задоволство на одмерување на силите и среќата помеѓу учесниците.

Влезот на фестивалот, како и секоја година, така и оваа, е бесплатен за сите посетители. Препораката од Фестивалските организатори до сите посетители на Пиволенд 2013 е да ги одморат своите возила и да дојдат со градски превоз, пеш или со велосипед, да конзумираат одговорно и да уживаат во вкусот на различните пива, вкусната храна и добрата музика.

Цените на пивата изнесуваат од 70 до 200 денари, а Пиволенд 2013 ќе трае до 15 септември (недела).

 

Би можело да ве интересира

Прилепски „Пивофест“ од 18 до 21 јули

Ана Ололовска

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Ана Ололовска

Прилеп подготвен за вечерното отворање на „Пивофест“

Ана Ололовска

Почнаа подготовките за „Пивофест 2018“

Ана Ололовска

Дополнителна вечер на „Пиволенд“ со настап на Игор Џамбазов

Наум Локоски

Почна „Пиволенд 2017“

Ана Ололовска