ФОТО: Со концертот за паметење на Здравко Чолиќ заврши Струмица опен фестивал

Од:

Концерт за паметење, преполн плоштад и воодушевена публика, вака заврши единаесетдневниот „Струмица опен фестивал“. Безвременскиот Здравко Чолиќ ја оправда доверената чест од организаторот да го затвори фестивалот.

Цели три часа траеше неговиот настап на големата музичка сцена на градскиот плоштад. Во неговите песни уживаа сите генерации, ги пееа заедно со него и му се воодушевуваа на енергичниот настап, на шармот, на прекрасниот глас. Покажа и докажа дека е вистинска балканска ѕвезда, таква беше и ноќта, ѕвездена, каква што и доликува на Струмица, ѕвездениот град.

„Незаборавен настап и ноќ која долго ќе се прераскажува“, вакви беа коментарите на посетителите, а ги имаше од цела Македонија кои во Струмица пристигнаа уште во попладневните часови за да си обезбедат место на плоштадот.
Атмосферата пред настапот на Здравко Чолиќ ја загреваа групите „Дивизија“, „Дивајн“, Коста Хаџикојчев и Александра Јанева.

Последната музичка вечер уште еднаш потврди дека единаесетдневниот „Струмица опен фестивал“ е манифестација која понуди незаборавни културно – забавни доживувања во организација на здружението „Културен забавен живот“, а со поддршка на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица.

DSC_0666

DSC_0665

DSC_0605

DSC_0588

DSC_0585

DSC_0584

DSC_0572

DSC_0543

DSC_0540

DSC_0538

DSC_0472

DSC_0426

DSC_0414

zdravko colic 4

zdravko colic 3

zdravko colic 2

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски