ФОТО: Сладок бурек нов хит во Белград

Од:

Додека некои тоа го нарекуваат „сквернавење“, други воопшто не гледаат во што е проблемот, откако една белградска пекара масовно почна да продава „бурек“ со плазма кекси и еурокрем, кој стана вистински хит меѓу граѓаните, пишува „Курир“.

burek-eurokrem-mondo-stefan-stojanovic-29

Сопствничката на пекарата, 27-годишната Мара вели дека луѓето во почетокот не го прифатиле, но дека сега не можат да постигнат да испечат доволно сладок бурек поради зголемената побарувачка.

burek-eurokrem-mondo-stefan-stojanovic-23

– Искрено, не знам од каде ми дојде идејатга. Само ми падна на памет. Седев сама со мајка ми и разговаравме за промените кои би можела да ги воведам во пекарата, а тоа да биде нешто невообичаено. И тогаш само реков „ајде да напрвиме сладок бурек“, изјави Марам која пред две години го наследи семејниот бизнис со пекарата.

burek-eurokrem-mondo-stefan-stojanovic-28

– Во почетокот бурекот го купуваа само припадници на младата генерација, но сега навистина доаѓаат луѓе од сите возрасти, објасни Мара, додавајќи дека принципот на подготовка е ист како и кај стандардните буреци, само се разликува со полнењето.

burek-eurokrem-mondo-stefan-stojanovic-25

Во оваа пекара се се работи рачно, а Мара тврди дека вкусот на слаткиот бурек е сличен на палачинките.

burek-eurokrem-mondo-stefan-stojanovic-22

– Има денови кога не постигнуваме да испечеме се. Луѓето доаѓаат и купуваат за себе, за колегите, пријателите. Децата доаѓаат и се однесуваат како да станува збор за светско чудо, прашуваат дали можат само да го видат како изгледа. Во просек се продаваат околу десет тепсии на ден, но некогаш и повеќе од 15, вели задоволно Мара.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски