ФОТО: „Скопје се смее“ на Светскиот ден на шегата

Од:

Под мотото „Скопје се смее“ денеска пред „Порта Македонија“ се одржува манифестацијата „Априлијада 2015“ во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје.

Aprilijada 2015 (5)

На забавата има принцези, самовили, шеици, бетмени, супермени…, како и настапи на децата од Златно славејче и танцови групи од повеќе основни училишта од Скопје.

На манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

Aprilijada 2015 (4)

– Први април е денот кога е дозволено децата, учениците, студентите и граѓаните на Скопје, да се препуштат на својата фантазија и креативност, маскирајќи се во принцези и принцови, кралици и кралеви, во омилените ликови од цртаните филмови и стрипови, во бетмени, спајдермени, кловнов, самовили… Преку шаренилото на бои, фигури и маски, со различни мотиви и теми, збогатено е скопското секојдневие преку маскембалската магија, заедно со звуците на музиката, играта и забавата, истакна Трајановски.

Aprilijada 2015 (1)

Тој информира дека до доцните вечерни часови, граѓаните од сите возрасти, на плоштадот „Пела“, ќе имаат можност да се забавуваат, дружат и да се шегуваат.

Aprilijada 2015 (2)

Ноќната забава ќе почне вечер во 21 часот, а присутните ќе се забавуваат со: Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, групата Тхе ноисе макерс и Диџеј Бабура.

Aprilijada 2015 (7)

Денот на шегата беше одбележан и во општина Кисела Вода, каде маскирани дечиња пееја, играа и се дружеа во паркот Шопен.

Би можело да ве интересира

Се одбележува Денот на шегата

Априлијада во Скопје

Ана Ололовска

Денот на шегата одбележан во сенка на пандемијата

Жарко Настоски

Како настанал Први април, Денот на шегата?

Ана Ололовска

Априлили: Денеска се дозволени сите безопасни шеги, лукавства и измами

Ана Ололовска

Како настанал 1. април Денот на шегата?

Ана Ололовска